Заем од 8,2 милиони денари на општина Маврово и Ростуша

Bez autora
Dec 05 2012

Министерството за финансии и додели на општина Маврово и Ростуша заем во вредност од 8,2 милиони денари за рехабилитација и реконструкција на улици. Со обезбедените финансии ќе се изврши рехабилитација и реконструкција на локалниот патен правец Ростуше - Велебрдоо и локалниот пат кон село Жировница од спојот со регионалниот пат Р-409. Патиштата се изградени пред повеќе од 20 години и се со оштетен асфалтен коловоз. Со планираната реконструкција и рехабилитација на тие патишта ќе се овозможи полесен, побрз и поквалитетен пристап до општината, што ќе придонесе за подобрување на животниот стандард на жителите во општина Маврово и Ростуша. Условите на заемот се исклучително поволни, каматна стапка од шестмесечен ЛИБОР (која во моментно изнесува 0,9%) и рок на отплата од 13 години со вклучен грејс период од 3 години.

Заем од 8,2 милиони денари на општина Маврово и РостушаМинистерството за финансии и додели на општина Маврово и Ростуша заем во вредност од 8,2 милиони денари за рехабилитација и реконструкција на улици.

Со обезбедените финансии ќе се изврши рехабилитација и реконструкција на локалниот патен правец Ростуше - Велебрдоо и локалниот пат кон село Жировница од спојот со регионалниот пат Р-409.

Патиштата се изградени пред повеќе од 20 години и се со оштетен асфалтен коловоз.

- Со планираната реконструкција и рехабилитација на тие патишта ќе се овозможи полесен, побрз и поквалитетен пристап до општината, што ќе придонесе за подобрување на животниот стандард на жителите во општина Маврово и Ростуша - соопштија од Финансии.

Условите на заемот се исклучително поволни, каматна стапка од шестмесечен ЛИБОР (која во моментно изнесува 0,9%) и рок на отплата од 13 години со вклучен грејс период од 3 години. Финансиите се дел од Проектот за подобрување на општински услугии со кој Владата од Светска банка обезбеди 50 милиони долари за помош на општините. Досега во рамки на проектот се склучени 27 договори со 25 општини.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik